Бенфика нема да ја продаде евтино својата ѕвезда Дарвин Нуњес. 22-годишниот Уругваец е мета на голем број европски гиганти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од „Луж“ знаат дека ќе биде тешко да го задржат во својот тим, но ќе сакаат да добијат максималната сума од неговата продажба, па поставија цена од 120 милиони евра.
Нуњес е во трансфер плановите на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг и сака да го доведе на „Олд Трафорд“. Сепак, оваа цена може да ги одбие „црвените ѓаволи“ и да се фокусираат на поевтини алтернативи за да го засилат нападот.
За уругвајскиот напаѓач се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Ливерпул, Арсенал и Њукасл. Сепак, и овие клубови ќе бидат прилично шокирани од одредената цена и не е ни чудо што многу од нив ќе се повлечат.