Интересни бројки за Бензема во вториот мандат на Зидан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кога Карим Бензема влезе во форма, Реал почна да победува и тоа не е случајно. Минатата година ја изнесе сезоната на свој грб, оваа нешто поспоро влегуваше во форма.
Сега, Французинот игра одлично во својата 12. сезона во Мадрид. Кога ќе се погледнат бројките изгледа како Бензема да е поважен за Зидан од Роналдо.
Бензема постигнал проценутално повеќе голови во вториот мандат на Зидан, отколку Роналдо во првиот. Кристиано постигна 112 голови на 393 натпревари (28%), додека Бензема на 148 натпревари постигна 44 гола (29%).
Големи пофалби за Бензема после вчерашниот натпревар истакна Зидан.
„Тој е за мене најдобриот француски напаѓач на сите времиња. И кога не игра добро постигнува голови, тоа е карактеристика на големите играчи“, изјави Зизу.