Дома Фудбал Италија „Бев на ручек со Симеоне, но клубот не ме пушти – сакав да умрам“

„Бев на ручек со Симеоне, но клубот не ме пушти – сакав да умрам“

Ѕвездата на Аталанта, Папу Гомез се присети на моментот кога беше многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот во 2010 година пристигна во Серија А и три сезони помина во Каталина, а во тој период стигна повик од Диего Симеоне.

„Се сеќавам дека отидов во Аргентина на ручек со Диего Симеоне и тој ми кажа дека сака да ме донесе во Атлетико“, раскажува Гомез.

„Понудата од Мадрид беше 6 милиони евра, но Катанија бараше 10 милиони. Така пропадна трансферот, бев многу разочаран сакав да умрам“, додаде Аргентинецот.

Наместо во Атлетико Гомез се пресели во Украина во тимот на Металист, а потоа се врати во Серија А и сега блеска во тимот на Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…