Дома Фудбал Бартомеу: Не е фер што ВАР во Шпанија работи само за еден клуб

Бартомеу: Не е фер што ВАР во Шпанија работи само за еден клуб

Фудбалерите на Барселона синоќа во гости убедливо ја совладаа екипата на Виљареал со 4:1 во дербито на 34. коло во шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб така успеа да се врати на негатива од четири бода зад Реал Мадрид, и со тоа колку толку да останат во чекор во борбата за титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид вчера играше на тешко гостување кај Атлетик Билбао и успеа да слави со голот на Рамос од пенал. Ова беше уште еден натпревар кој Кралевите го добија со пенал, а после натпреварот се крена многу прашина.

Имено, според многумина после голот на Рамос судијата мораше да досуди пенал и за домашниот тим бидејќи направи очигледен прекршок над Гарсија, но ВАР не реагираше.

Нормално, најголемите критики дојдоа од управата на Барса, а синоќа се огласи и претседателот Бартомеу кој порача дека не е фер начинот на кој ВАР работи во Шпанија.

„ВАР не е фер за сите клубови во Шпанија. Секогаш работи само за еден клуб.“ – порача Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Јувентус ја бакна новинарката среде нападот на судиите (Видео)

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, имаше долг изблик по натпреварот, барајќи судиите …