Дома Трансфер зона Барселона ја одредила цената за Дембеле

Барселона ја одредила цената за Дембеле

Како што сега стојат работите Осман Дембеле нема да го продолжи договорот со Барселона.

Каталонскиот клуб во претходните неколку месеци преговараше со Дембеле и му нудеше нов договор, се очекуваше Французинот да прифати останува во каталонскиот клуб, но тоа нема да се случи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дембеле ја одби и последната понуда од Барселона и јасно им стави до знаење дека сака да ја промени средината затоа што Барселона не му ги исполнува финансиските услови кои ги бара.

Договорот на Дембеле истекува на крајот од сезоната, па во Барселона наводно ќе се обидат да го продадат до крајот на овој преоден рок за да заработат барем нешто и да не изгубат без оштета на лето.

Каталонскиот „Спорт“ објави денес дека Барселона имала контакт со Њукасл и Манчестер Јунајтед кои претходно покажале интерес за Дембеле. Наводно, Барселона е спремна да го продолжи Дембеле за 20 милиони евра. Во клубот се свесни дека Дембеле вреди повеќе, но сакаат да заработат барем нешто од неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…