Дома Фудбал Барселона ја лажеше јавноста: Еве зошто Кутињо не заврши на „Камп Ноу“?!

Барселона ја лажеше јавноста: Еве зошто Кутињо не заврши на „Камп Ноу“?!

Барселона по големите напори во текот на преодниот рок не успеа да го донесе Филипе Кутињо од Ливерпул. Како причина поради што трансферот на Бразилецот пропадна, еден од директорите на каталонскиот клуб, Алберт Солер истакна дека е фактот што не сакале да платат 200 милиони евра, колку што бараше англискиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Но, германски Дер Шпигел со документи докажа дека Барселона лажела.

Едноставно, „Црвените“ не сакаа да го продадат еден од најдобрите играчи, и покрај неговата желба да стане играч на Барселона.

„Убаво ве замолуваме да престанете да го вознемирувате Кутињо, приватно и јавно. Ниедна цифра нема да го промени нашиот став“, во писмото порачал директорот на Ливерпул, Мајкл Едвардс.

Со тоа пропадна планот на Барселона, која го дефинираше договорот со Кутињо на дури 20 страници. Бразилецот требаше да заработи 115 милиони евра за пет години, а неговиот менаџер да добие 10 милиони евра од трансферот, за кој се веруваше дека ќе вреди 100 милиони евра.

Сепак, клубот од „Енфилд“ не сакаше ниту да преговата, а на крајот само пристигна во редовите на Каталонците, Осман Дембеле од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…