Дома Трансфер зона Барселона се спрема за „живот без Меси“: Дали ова е идеалниот човек?

Барселона се спрема за „живот без Меси“: Дали ова е идеалниот човек?

Барселона во последните неколку години зависи од Лионел Меси, па јасно е дека Каталонците ќе мора наскоро да пронајдат негова замена бидејќи Аргентинецот ќе наполни 33 години и се ближи кон крајот на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците не играат како што се очекува од нив сезонава, иако се наоѓаат на првото место на табелата во Ла Лига, па поради тоа управата размислува за трансфер-бомба следното лето.

„Дон Балон“ објави дека раководството на Каталонците ќе тргне на лето по потписот на Мохамед Салах, за кој сметаат дека е идеален наследник за Аргентинецот во екипата.

Салах е еден од најважните фудбалери на Ливерпул во моментов, но доколку пристигне понуда од Барселона, тогаш тешко дека ќе може англискиот гигант да го спречи во намерата да замине од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…