Дома Трансфер зона Барселона преговара со дефанзивецот на Сити

Барселона преговара со дефанзивецот на Сити

Барселона ова лето сака да ја засили одбраната и е во потрага по квалитетен дефанзивец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесуваат шпанските медиуми.

27-годишниот Лапорт го загуби стартното место во тимот на Гвардиола и е спремен ова лето да ја промени средината.

„Граѓаните“ се спремни да го пуштат, а за неговата слобода бараат сума од 60 милиони евра.Барселона наскоро ќе ги започне преговорите со Сити и веќе стапила во контакт со агентот на шпанскиот репрезентативец.

Лапорт покажува одлични партии на Европското првенство и прави притисок врз „граѓаните“ да му биде дозволен трансфер во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…