Дома Трансфер зона Барселона подготви 130 милиони евра за првите јануарски засилувања

Барселона подготви 130 милиони евра за првите јануарски засилувања

Барселона најверојатно ќе мора да купува и во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатото лето ги донесоа Видал, Малком, Артур и Ленгл, но никој од нив не ги задовили навивачите на Барселона. Меѓутоа, првите зимски купувања би можеле да ги израдуваат, бидејќи станува збор за едни од најталентираните играчи во светот.

Фудбалерите на Ајакс, Френки де Јонг и Матиас де Лихт се првите цели на Барса која подготви дури 130 милиони евра за нивниот надомест во пакет, тврди каталонскиот „Sport“.

Сепак, постојат тврдења дека Де Јонг не сака да ја напушти Холандија, па многу веројатно би можело на „Камп Ноу“ да пристигне само Де Лихт. Каталонците испратија скаути на натпреварот помеѓу репрезентациите на Холандија и Германија, тоа сигурно не е само поради добриот фудбал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…