Еден од приоритетите на тренерот на Барселона, Валверде беше да се засили левата бековска позиција во летниот преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Валверде на таа позиција го има само Жорди Алба,а сега каталонските медиуми тврдат дека Барселона веќе договорила нов лев бек.
Главна мета на Каталонците е левиот бек на Бетис и шпански репрезентативец Жуниор Фирпо, кој одигра одлична сезона.
22-годишниот Фирпо по потекло е од Доминиканска Република и според стилот на игра би требало одлично да се вклопи во таборот на Барселона.
Последните информации се дека двата клуба постигнале договор за трансфер тежок 28 милиони евра и Фирпо во наредните денови и официјално ќе стане нов играч на Барселона.