Барселона и Роналд Куман постигнаа договор за спогодбено предвремено раскинување на договорот, пренесуваат каталонските медиуми.




Клубот ќе му плати отштета од 10 милиони евра на холандскиот тренер откако му беше врачен отказ.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
До крајот на договорот Куман требаше да заработи 12 милиони евра, но двете страни постигнаа спогодба за разкин и Холанѓанецот се согласил да добие 2 милиони евра помалку.




За потсетување, Куман кога ја напушташе холандската репрезентација Барселона требаше да плати компензација од 6,5 милиони евра, но тренерот се согласи да ја плати сам.




Таа сума е вклучена во споменатите 12 милиони евра од неговиот договор со Барселона.