Дома Фудбал Барселона го одреди можниот датум за враќање на тренинзи

Барселона го одреди можниот датум за враќање на тренинзи

Првично имаше наредба фудбалот во Шпанија поради коронавирусот да се прекине до 4. април. Сепак, декеска Ла Лига потврди суспензија на фудбалот во Шпанија и после споменатиот датум.

Сега, суспензијата е до неограничен период, додека не се смири епидемијата со новиот коронавирус.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


И фудбалскиот клуб Барселона ги прекина сите тренинзи и клубски активности откако на државно ниво се донесе одлука со низа рестрикции.

Меѓутоа, денеска АС пишува дека Барселона наводно го одредила можниот датум за враќање на тренинзи.

Доколку се биде како што треба, се верува дека Ла Лига ќе продолжи на средината од мај, а Барселона ќе почне со тренинзи на 27. април.

Така, играчи после излазењето од самоизолација ќе имаат две недели да се подготват за продолжение на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…