Дома Топ вести Барселона во пол-позиција за аргентинската ѕвезда

Барселона во пол-позиција за аргентинската ѕвезда

Барселона се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Бефика и аргентински репрезентативец, Енцо Фернандез.

21-годишниот Аргентинец ова лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата, а со одличните настапи веднаш ја покажа својата класа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фернандез важи за еден од најголемите аргентински таленти, а тоа го покажа и на Мундијалот каде постигна одличен гол против Мексико.

Интерес за него покажуваат Ливерпул и Реал Мадрид, но медиумите пренесуваат дека Барселона е во пол-позиција за неговиот потпис.

Бенфика пред неколку месеци за Фернандез плати само 12 милиони евра, но неговата цена вртоглаво порасна во последните неколку  месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…