Дома Фудбал Барса сепак нема да го казни Меси

Барса сепак нема да го казни Меси

Капитенот на Барселона, Лионел Меси нема да биде казнет за отсуствотон од тренинзите, тврди медиумот „Ел Чирингуито“.

Лионел Меси влезе во отворена „војна“ со Барселона и реши да не ги исполнува своите обврски кон клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој веќе втор ден не доаѓа на тренинзи со остатокот од тимот, а не се појави ни на редовното тестирање за Ковид.

Аргентинецот смета дека завршил со каталонскиот клуб, чиј член е речиси две децении, и нема намера да се врати на обврските кон Барселона.

Анекс во договорот потврдува дека ако играч три пати неоправдано не се појави на тренинг ќе биде казнет со 25% од платата.

Меѓутоа, шпанските медиуми тврдат дека Баселона одлучила да НЕ го казнува својот капитен бидејќи сака да најде заеднички јазик за целата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе изгуби долгорочен спонзор по две децении

Изгледа дека долготрајното партнерство меѓу Килијан Мбапе и „Најк“ приоѓа кон својот крај,…