Дома Топ вести Барса го пушта Дембеле за „смешна“ цена

Барса го пушта Дембеле за „смешна“ цена

Барселона е спремна да ја намали цената на Осман Дембеле за да се ослободи од него во зимскиот преоден рок.

Со оглед на фактот дека Дембеле е резерва во тимот на Куман, Барселона е спремна да го пушти Французинот за само 45 милиони фунти, тврди „Скај Спорт“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа е значително помалку од сумата од 104 милиони евра која Каталонците ја платија за него пред три години, но Барса сака да се ослободи од 23-годишниот Французин.

Нема информации дали Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати дури и оваа сума, бидејќи „црвените ѓаволи“ ова лето го сакаа Французинот само за позајмица со можна опција за купување.

Јувентус е вторииот заинтересиран клуб, кој најверојатно ќе ја искористи ситуацијата и ќе го донесе Дембеле по „дисконтна“ цена во Торино.

Дембеле пристигна на „Камп Ноу“ во 2017 година и до денес одигра 75 натпревари за Каталонците, на кои постигна 19 гола и даде 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…