Дома Трансфер зона Барса го продава миленикот на навивачите

Барса го продава миленикот на навивачите

Еден од милениците на навивачите на Барселона, Сержи Роберто нема иднина на „Камп Ноу“ и клубот сака да го продаде на лето, пренесува каталонски „Спорт“.

Поливалентниот играч оваа сезона поради повреда пропушти многу натпревари и одигра само 1198 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сержи Роберто на лето влегува во последната година од договорот, па Барса смета дека сега е идеален момент за негова продажба.

Долго време Роберто важеше за голем талент, но тој веќе има 29 години и се чини дека не го искористи целиот потенцијал.

Сепак, тој минатите години беше важен дел од Барселона и со своите партии ги собра симпатиите на многу фанови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…