Дома Топ вести Баерн уште еднаш ја затвори вратата за Роналдо

Баерн уште еднаш ја затвори вратата за Роналдо

Баерн Минхен уште еднаш категорично се огради од информациите кои ги поврзуваат со трансферот на Кристиано Роналдо.

Откако Баерн ја прифатија понудата на Барселона за Роберт Левандовски, гласините за можно доаѓање на Португалецот на „Алијанц Арена“ повторно станаа актуелни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Имам голема почит кон Кристиано поради неговите успеси и неговата кариера воопшто, но повторно ве уверувам дека тој никогаш не бил и не е моментално опција за нас“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Роналдо инсистира да си замине од Манчестер Јунајтед и одби да тренира со „црвените ѓаволи“ бидејќи сака да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…