Дома Топ вести Баерн спреми 100 милиони за наследникот на Левандовски

Баерн спреми 100 милиони за наследникот на Левандовски

Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Напол Виктор Осимен, пренесуваат германските медиуми.

Баварците се во потрага по нов напаѓач кој ќе биде наследник на Левандовски, а раководството верува дека Осимен ќе биде идеален избор.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, но Баварците веќе стапиле во контакт со агентот и сакаат што поскоро да постигнат договор.

Осимен пред две години пристигна во Наполи за 70 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.

Неговиот агент веќе стапил во контакт со Баварците, кои првично се спремни да понудат 90 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…