Дома Фудбал Германија Баерн спремен да изненади: Носи тренер кој нема искуство во топ 5 првенства!?

Баерн спремен да изненади: Носи тренер кој нема искуство во топ 5 првенства!?

Toмас Тухел заминува од Баерн Минхен и тоа е веќе потврдено, клубот потврди дека Тухел ќе замине на крајот од сезоната, но не е исклучена можноста тоа да се случи и порано. Германските медиуми пренесуваа дека во случај на елиминација од Лацио во Лигата на шампионите веднаш би бил отпуштен.

Изгледаше дека Чаби Алонсо е најголема желба на раководството, меѓутоа тој не е лесна мета бидејќи и Ливерпул кој исто така останува без тренер го сака на клупата. Се споменуваа уште неколку алтернативни решенија, а сега добивме и едно изненадувачко.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, управата на Баерн покажала интерес и се распрашувала за Арне Слот, тренер кој е без искуство во најсилните пет првенство, но во овој момент одлично го води Фејенорд.

На клупата на холандскиот тим е од 2021 година и го предводеше тимот до третото и првото место во шампионатот. Фејенорд со него на клупата игра атрактивен фудбал со висок пресинг и многу транзиција и тоа сигурно му одогвара на Баерн.

Пред Фејенорд овој 43-годишен стратег го водеше и АЗ Алкмар и преземањето на Баерн за него дефинитивно би бил најголемиот предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи пристигна на „Олд Трафорд“

На дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ вчера се појави агентот на Бе…