Дома Трансфер зона Баерн преговара со дефанзивецот на Барселона

Баерн преговара со дефанзивецот на Барселона

Десниот бек на Барелона, Сержињо Дест би можел на лето да се пресели во Баерн Минхен, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дест кај Роналд Куман беше стандарден, додека кај Чави не добива шанса, бидејќи не е задоволен од неговата игра во дефанзива и веќе му ја отворил излезната врата.

Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен, кој покажува сериозен интерес за Холанѓанецот веќе подолго време.

Баварците стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат на лето, а нема да имаат проблем да платат 15 милиони евра, колку што бара Барселона.

Барселона веќе најде замена и започна преговори за ангажман на Мазрауи од Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…