Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн падна во Рим, ПСЖ го сруши Сосиедад🎥

Баерн падна во Рим, ПСЖ го сруши Сосиедад🎥

Лацио и ПСЖ остварија домашни победи во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампиони против Баерн Минхен и Реал Сосиедад.

Баерн продолжи со лошите игри, иако во Рим пристигна како голем фаворит, сепак не делуваше така на терен. Очигледна е кризата во редовите на гермаскиот шампион, па Лацио беше рамноправен противник во текот на целиот меч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Особено во вториот дел кога Баерн не успеваше конкретно да се закани, а во 69-та минута Упамекано направи пенал и доби црвен картон. Сигурен реализатор беше Имобиле, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

ПСЖ со една нога е во четвртфиналето, откако го совлада Реал Сосиедад со 2:0. „Светците“ дури во второто полувреме го скршија отпорот на шпанскиот тим, најпрво Мбапе, а потоа Баркола погоди за 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…