Дома Топ вести Баерн и Манчестер Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Ајакс

Баерн и Манчестер Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Ајакс

Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Ајакс, Ентони, пренесува „Билд“.

22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона до сега има постигнато 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Баерн и Манчестер Јунајтед, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…