Раководството на Атлетико Мадрид прави вонсериски напори за да го задржи Антоан Гризман во своите редови, а шпанските медиуми пренесуваат дека „јорганџиите“ ќе му понудат бланко чек на Французинот.
Гризман ги одби сите понуди за продолжување на договорот со Атлетико, а медиумите тврдат дека веќе има има прелиминарен договор со Барселона кој ќе ја активира клаузулата од 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов платата на Гризман во Атлетико Мадрид изнесува 7 милиони евра, а раководството на „јорганџиите“ е спремно да му понуди од 15 милиони евра по сезона.
Сепак, тешко дека Атлетико ќе успее да го убеди Гризман да остане, бидејќи Французинот е решен да се пресели на „Камп Ноу“, па дури е спремен и да прифати помала плата од Барселона.
Атлетико Мадрид не сака да се раздели со Гризман, но шефовите на клубот ќе бидат со врзани раце, ако од Барселона ја активираат клаузула која е запишана во договорот на фудбалерот. Освен тоа Французинот веќе навести дека сака да го напушти тимот, а неговата иднина ќе се разјасни пред почетокот на Мундијалот во Русија