Белгискиот репрезентативец и напаѓач на Челзи, Мичу Батчуаи е на радарот на Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Од Челзи не сакаат да го продаваат Батчуаи и претпочитаат да го испратат на едногодишна позајмица. Токму за таква формула на трансфер се интересира Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за 24-годишниот Белгиец покажува и Борусија Дортмунд каде Батчуаи ги помина последните шест месеци на позајмица.
Сега во трката за потписот се вклучи и Атлетико Мадрид кој е во потрага по робусен напаѓач. Првата цел беше Никола Калиниќ, но трансферот во моментов е стопиран, па „јорганџиите“ се насочија кон напаѓачот на Челзи.