Дома Фудбал Атлетико го продаде Феликс за 79 милиони евра помалку отколку што плати за него

Атлетико го продаде Феликс за 79 милиони евра помалку отколку што плати за него

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс (24) го напушта Атлетико Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Челзи, пренесуваат португалските и англиските медиуми. Клубовите наводно постигнале договор и Феликс за 47 милиони евра се сели на Стемфорд Бриџ каде треба да ги помине следните шест години.

Феликс веќе го носеше дресот на сините од јануари до јуни 2023 година на позајмица, забележа 16 настапи и постигна четири гола. Португалскиот играч за врска минатата сезона играше за Барселона како позајмен играч и постигна 10 гола на 44 натпревари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младиот Португалец беше најскапата инвестиција на Атлетико Мадрид. Во јули 2019 година потпиша седумгодишен договор, додека Бенфика заработи 126 милиони евра. Атлетико сега го продаде за 79 милиони евра помалку.

Сепак, не успеа во целост да ги оправда големите очекувања. Во првите четири сезони, тој забележа 131 настап, постигнувајќи 34 гола, а потоа беше позајмен во лондонски и шпански клуб. За португалската репрезентација забележа 41 настап и постигна осум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан скапо ја плати победата над Ц. Звезда – се повредија двајца фудбалери!

На Милан му се повредија двајца фудбалери во натпреварот од шестото коло на Лигата на шамп…