Дома Фудбал Италија Аталанта – Милан: Директна битка за пласман во Лигата на Европа

Аталанта – Милан: Директна битка за пласман во Лигата на Европа

Аталанта – Милан, директна битка за пласман во Лигата на Европа. Победникот ќе биде многу блиску до целта, а поразениот многу далеку. Важноста на резултатот, го прави овој меч еден од најпривлечните викендов во Серија А.

Милан во криза пред клучниот меч


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Милан можеше да си обезбеди пласман во Лигата на Европа со освојување на Купот на Италија во средата. Сепак, поразот во финалето од 4:0 против Јувентус не само што ги одалечи од Европа, туку значително го зголеми притисокот врз фудбалерите на Милан.

Милан е шести на табелата и сеуште ја имаат својата судбина во свои раце. Но проблемот е тоа што тие сега гостуваат кај Аталанта кој им е директен кункурент за таа 6-та позиција која носи во Европа. Милан има предност од само еден бод во однос на Аталанта, која мора да слави победа доколку сака да настапува во Европа следната сезона. На Милан пак, доволен му е и бод од овој меч.

Аталанта е посвежа, во подобра форма и има големи мотиви

За разлика од Милан, кој во овој дуел влегува по тешкиот пораз од Јувентус во средата, Аталанта имаше цела недела одмор. Долго се подготвуваше за овој меч и влегува во дуелот по ремито со Лацио на гости. Атланта ќе тргне офанзивно на овој меч, а има и големи мотиви не само за пласман во Лига Европа, туку и лично против Милан. Аталанта минатото лето ги продаде Андреа Конти и Франк Кеси во Милан. Тиа заминаа во Милан по шампионска титула, но сега може да се случи да завршат дури и подоле од својот поранешен тим. Тоа дополнително ги мотивира фудбалерите на Аталанта. Домаќинот потроши само мало делче од она што го потроши Милан во летниот преоден рок, но отиде далеку во Лигата на Европа. А сега Аталанта може да резервира уште една европска турнеја.

Аталанта победи на Сан Сиро на првиот меч оваа сезона со 0:2, а Милан нема победа над Аталанта на 5 меча по ред.

Џан Пјеро Гасперини заслужува огромна сума на кредити кај управата. Гатузо од друга страна е неискусен, ова за него е прва сезона и тоа може да биде уште еден проблем за Милан пред овој меч.

Букмејкерите исто така најавуваат неизвесен меч, но сепак домаќинот е фаворит. Па така според Coinbet24 коефициентот за победа на Аталанта изнесува 2.00 за реми 3.40 додека за победа на Милан изнесува 3.85

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …