Дома Фудбал „АС“ тврди: Бензема веќе потпишал нов договор

„АС“ тврди: Бензема веќе потпишал нов договор

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема веќе потпишал нов договор со „кралскиот“ клуб, пренесува мадрдскиот весник „АС“.

Останува уште клубот официјално да ја потврди информацијата, но најверојатно тоа ќе се случи на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Досегашниот договор на Бензема истекуваше во 2021 година, а со новиот ја продолжи соработката за додатни 12 месеци. Во Реал Мадрид постои принцип фудбалери со 30 и повеќе години да не го продолжуваат договорот на повеќе од една година.

Бензема има 32 години и ја игра 11-та сезона во „кралскиот“ клуб, а според новиот договор сигурно ќе игра на „Сантиаго Бернабеу“ уште две години.

Не е тајна дека напаѓачот е во одлични односи со Флорентино Перез и тоа е основа Бензема да остане долги години на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Случајот Мбапе“ не е единствен: Докторите на Реал во проблеми и со Камавинга?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се најде во центарот на вниманието по начин на ко…