Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде квалитетно засилување во средниот ред.




Најголема желба на „топџиите“ е бразилскиот репрезентативец и член на Лион, Лукас Пакета, за кого силен интерес покажува и Њукасл.




Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
24-годишниот плејмејкер игра фантастично во дресот на Лион и е стандарден бразилски репрезентативец, па сака да направи чекор напред во кариерата.
Артета верува дека Бразилецот идеално би се вклопил во неговиот стил на игра, но ќе треба да ја победат конкуренцијата, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.




Лион за неговата слобода бара 60 милиони евра, бидејќи 15% од правата на играчот се уште ги има Милан, а Арсенал е оптимист дека може да го реализира трансферот за 50 милиони евра.
🚨 Arsenal are optimistic about signing 24-year-old Brazilian midfielder Lucas Paqueta.🇧🇷 🔴 #AFC ⚪ #OL https://t.co/d18DkoVIdm pic.twitter.com/6WRpNMV8Ib
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) July 19, 2022