Арсенал е силно заинтересиран за холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.




22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Барселона, Милан, Ливерпул и Баерн Минхен.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Сепак, Арсенал е најконкретен и сака да го донесе на „Емирати“, а веќе спремил понуда од 30 милиони евра.




Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момент. Минатата сезона постигна 16 гола и 14 асистенции, па експертите му предвидуваат блескава иднина.