Дома Трансфер зона Арсенал најде замена за Обамејанг

Арсенал најде замена за Обамејанг

Арсенал е заинтересиран во своите редови да го доведе напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид пренесуваат медиумите на Островот.

После последните случувања јасно е дека Обамејанг повеќе нема иднина на „Емирати“ и на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прва желба за негова замена е токму Џонатан Дејвид, кој игра фантастична сезона во Лил и до сега има постигнато 14 гола.

21-годишниот напаѓач е мета на многу европски гиганти, а Арсенал веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата.

Наводно Лил е спремен да го пушти напаѓачот на крајот на сезоната, а за неговата слобода бара 45 милиони евра, сума која Арсенал е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…