Дома Трансфер зона Арсенал испрати нова понуда за Мудрук

Арсенал испрати нова понуда за Мудрук

Арсенал испратил нова, побогата понуда за ѕвездата на Шахтјор, Микаило Мудрук, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона и особено воодушеви со натпреварите во Лигата на шампиони.

Украинецот има договор со Шахтјор до 2026 година, а украинскиот клуб првично ја одби понудата од 62 милиони евра од Арсенал.

Според информациите Арсенал испратил нова понуда во висина од 70 милиони евра плус редица на бонуси.

Украинецот веќе има договор со „топџиите“ и инсистира да се пресели на „Емирати“, а сега и двата клуба се многу блиску до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…