Арсенал и Шахтјор постигнале начелен договор за трансфер на украинскиот талент Микаило Мудрук, пренесуваат медиумите на Островот.
Сумата на трансферот со вклучени бонуси може да достигна до 100 милиони евра, што беше и првичното барање на украинскиот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мудрук веќе има договор со „топџиите“ кои не можеа да постигнат договор со Шахтјор, бијдеќи двете понуди беа одбиени.
Меѓутоа, двата клуба сега конечно постивнаа договор, па се очекува Мудрук наскоро да пристигне во Лондон.
Арсенал е во потрага по засилување во нападот, а Мудрук оваа сезона на 18 меча постигна 10 гола и запиша 8 асистенции.