Челзи се вклучи во трката за украинската ѕвезда, Микаило Мудрук и е спремен да го „украде“ пред носот на Арсенал.
Арсенал веќе подолго време преговара со Шахтјор и истпрати две понуди, последната од 70 милиони евра, но не успеа да постигне договор со украинскиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега во трката се вклучи и Челзи, кој е спремен да го задоволи финансиските барања на Шахтјор и да го доведе Мудрук на „Стенфорд Бриџ“.
Фудбалерот има договор со Арсенал, но нема уште долго да ги чека „топџиите“ особено што Челзи е спремен да му понуди повисока плата.
21-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона и особено воодушеви со натпреварите во Лигата на шампиони, па според експертите тој е идната ѕвезда на светскиот фудбал.
🚨 Chelsea owner Todd Boehly has made it clear to Shakhtar that they will trump any Arsenal bid for Mudryk.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 4, 2023
They are 'more than willing to take rivals on and blow them out of the water where necessary'.
(Source: @MiguelDelaney) https://t.co/7voA5SLLUR