Дома Топ вести Арсенал испрати нова понуда за Мудрук, трансферот пред реализација

Арсенал испрати нова понуда за Мудрук, трансферот пред реализација

Арсенал испратил нова, побогата понуда за ѕвездата на Шахтјор, Микаило Мудрук, пренесуваат медиумите на Островот.

21-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона и особено воодушеви со натпреварите во Лигата на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинецот има договор со Шахтјор до 2026 година, а украинскиот клуб првично ја одби понудата од 62 милиони евра од Арсенал.

Според информациите Арсенал испратил нова понуда во висина од 70 милиони евра и се надева наскоро да го комплетира трансферот.

Украинецот веќе има договор со „топџиите“ и инсистира да се пресели на „Емирати“ во зимскиот преоден рок“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…