Дома Трансфер зона Арсенал и Тотенхем се „тепаат“ за Смолинг

Арсенал и Тотенхем се „тепаат“ за Смолинг

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг кој игра на позајмица во Рома оваа сезона.

30-годишниот дефанзивец во моментов игра во Рома како позајмен фудбалер и игра одлично оваа сезона. „Волчицата“ прави се од себе за да го откупи неговиот договор, но се чини дека имаат сериозна конкуренција за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За него интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но главната битка ќе ја водат Тотенхем и Арсенал ова лето.

Смолинг е во добри услови со Мурињо уште од нивниот престој на „Олд Трафорд“ и тоа може да биде во корист на „спарси“. Засега, фудбалерот не брза да ја реши својата иднина и ќе почека до крајот на сезоната за да ги разгледа сите опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…