Дома Топ вести Апсолутни победници на преодниот рок: Челзи потроши над 300 милиони фунти!

Апсолутни победници на преодниот рок: Челзи потроши над 300 милиони фунти!

Соственикот на Челзи Тод Боели одлучи да го одврзе ќесето и „сините“ се апсолутни победници на преодниот рок откако го срушија британскиот рекорд со трансферот на Енцо Фернандез.

Во јануари Челзи доведе осум фудбалери и седум од нив куп, позајмен е само Жоао Феликс за 9.7 милиони фунти. Енцо Фернандез со 121 милион евра е најскапиот трансфер во историјата на Челзи, но и најскапиот во британскиот фудбал. Срушен е рекордот на Џек Грилиш од Астон Вила во Сити за 117 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем е трансферот и на Михаило Мудрик за кого Челзи плати околу 100 милиони евра или 88.5 милиони фунти. Трет најскап е Бено Бадиашил од Монако, за него платија 35 милиони фунти. Нони  Мадуеке од ПСВ го ангажираа за шест помалку, а на Лион му платија 26.3 милиони фунти за Мало Густо.

18 милиони фунти потрошија на Давид Датро од Сантос, а 10 за Фофана од Молде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …