Дома Трансфер зона Анчелоти ја сака ѕвездата на Виљареал

Анчелоти ја сака ѕвездата на Виљареал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивната линија е најслабата точка на „кралевите“ од почетокот на сезоната, па Анчелоти сака да донесе квалитетен стопер.

Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Виљареал и шпански репрезентативец, Пау Торес.

Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и е стандарден шпански репрезентативец.

Раководството на „кралевите“ веќе стапило во контакт со агентот на дефанзивецот и спрема понуда, но Виљареал не сака да ја пушти својата ѕвезда на средина од сезоната и многу поверојатно дека трансферот ќе се реализира на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…