Англиските медиуми пренесуваат дека Анчелоти сака да го донесе Иско во Евертон.
Иско оваа сезона не е во плановите на Зинедин Зидан и ретко добива шанса, а на Ел Класико камерите го снимија како приговара од клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан дал „зелено светло“ за негов трансфер во јануари и бара од раководството тој и Марсело да бидат продадени за добрата атмосфера во соблекувалната.
Таквата ситуација сака да ја искористи Анчелоти, кој е во одлични односи со Иско и да го донесе во Евертон.
По истиот принцип италијанскиот стратег ова лето го донесе Хамес Родригез, а „карамелите“ нема да жалаат пари да го донесат Иско во своите редови.
Проблем за Анчелоти е што Иско не сака да прави трансфер на средина од сезоната, па Италијанецот ќе треба да го убеди плејмејкерот.