Дома Фудбал Анчелоти: Не сум татко на Бејл, не можам да му забранам да игра за Велс

Анчелоти: Не сум татко на Бејл, не можам да му забранам да игра за Велс

Карло Анчелоти на прес-конференцијата зборуваше и за Герет Бејл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Велшанецот долго време не игра, се опоравува од повредата, но Реал му дозволи да игра за Велс во квалификациите за СП.

„Има дозвола од докторите и може да тренери“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата.

Реал му даде дозвола да отпатува во Велс, но и покрај тоа го изостави за мечот со Рајо Ваљекано кој се игра утре од 21:00 часот.

„Не можеме да му кажеме да не игра за Велс. Постои снимка која покажува дека се опоравил. Како прво, јас не сум негов татко. Можеби последниот период не беше добар за него, но никој не треба да заборави што направи Бејл за Реал“.

„Ако репрезентацијата го повика, ние мораме да го пуштиме. Објаснуваме каква е ситуацијата и потоа Велс има една недела да ја процени ситуацијата. Мислам дека нема да ризикуваат“, објасни Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големото засилување на Вардар прослави роденден во Норчија

На подготовките во Норчија вардарци имаа причина и за мало славје, роденден прослави новот…