Дома Фудбал Анчелоти: Не ми е тешко да признаам дека имам еден играч кој е незаменлив во Реал

Анчелоти: Не ми е тешко да признаам дека имам еден играч кој е незаменлив во Реал

Реал летово го доведе Килијан Мбапе, а има и двајца потенцијални играчи за Златна топка – Винисиус и Џуд Белингем.

Сепак, за славниот италијански тренер само еден играч е незаменлив во тимот на Реал. Станува збор за уругвајскиот играч за врска Федерико Валверде.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Кога Крос не напушти, го избрав совршениот играч да го замени. Тоа е Феде Валверде. Повеќе поради неговиот менталитет отколку неговиот квалитет“, рече Анчелоти за играчот на кој Крос му го предаде својот бр.8.

Валверде беше стрелец во минатонеделната победа во лигата против Ваљадолид, по што Анчелоти го пофали Уругваецот.

“Неговата вредност се зголемува бидејќи покажува поголема личност и одговорност во тимот. Не ми е тешко да кажам дека е незаменлив играч во нашиот тим. Поради неговиот квалитет, неговата сила, неговата интелигенција. Среќен сум што го имам. Тој само треба да покаже малку повеќе немилосрдност на теренот и да се ослободи од срамежливоста.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…