Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека Карим Бензема е мирен по пресудата која беше досудена против негов во средата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Францускиот фудбалер беше прогласен за виновен за обид за уцена на поранешниот колега од репрезентацијата, Матија Валбуена, па поради тоа доби едногодишна условна казна затвор и финансиска казна од 75.000 евра.




Реал Мадрид во истиот ден го совлада Шериф Тираспол и обезбеди пласман во нокаут-фазата, а еден од головите беше постигнат од Бензема.




„Не морав ништо да зборувам со него за тоа. Бензема е мирен. Тоа е нешто што се случи во минатото. Беше фокусиран на натпреварот и на тимот. Целосно е посветен на својата работа и играше многу добро“, кажа Анчелоти.