Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека е задоволен со победата од 2-1 против Алмерија на стартот на Ла Лига.
Голот за победа го постигна Давид Алаба од слободен удар во 75. минута, и тоа од првиот контакт со топката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тие кои изведуваат слободни удари се Бензема или Крос, но влезе Алаба кој исто така е добар. Не беше лесно да им се каже на Бензема и Тони дека нема да изведуваат слободни удари, но во тој момент донесовме таква одлука. Тие се професионалци и секако дека не правеа проблем.“, вели Анчелоти.
Италијанецот призна дека лошо го почнале натпреварот, по што имаа и негатива од 0-1, но сепак во второто полувреме успеаа да ја свртат ситуацијата и да победат на стартот на Ла Лига.
WHAT A GOAL! 😲 @David_Alaba #RealMadrid #LaLiga pic.twitter.com/XOqLwYSQnW
— FUT (@Futboleer) August 14, 2022