Дома Фудбал Анчелоти: Во одлична форма сме пред финалето во ЛШ

Анчелоти: Во одлична форма сме пред финалето во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен што неговиот тим е во добра форма пред финалето од Лигата на шампионите кое се игра на 28-ми мај.

„Кралевите“ синоќа го совлада Леванте со 6-0 во натпревар од 36-то коло на Примера и го испрати тимот од Валенсија во Сегунда дивизија.

„Го поддржувам Леванте и нивниот тренер. Ова е одличен клуб и сигурен сум дека наскоро ќе се вратат во Примера. Карим Бензема и Виничиус со текот на времето почнаа подобро да се разбираат, играат добро. Во добра форма сме пред финалето, самодовербата ни порасна. Останува уште малку време до финалето и мораме да го задржиме интензитетот“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…