Дома Фудбал Анчелоти внимателен пред финалето: Аталанта треба да биде предупредување за сите

Анчелоти внимателен пред финалето: Аталанта треба да биде предупредување за сите

В сабота од 21.00 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе се игра финалето од фудбалската Лига на шампионите меѓу екипите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот клуб на хартија е фаворит против Германците, но тренерот на „Кралевите“ Карло Анчелоти не размислува така.

Трофејот на четвртопласираната од Серија А Аталанта во Лигата на Европа во финалето (3:0) против германскиот шампион Баер Леверкузен кој беше непоразен во тамошното првенство, треба да биде предупредување за играчите на италијанскиот стратег дека треба максимално сериозно да пристапат во дуелот против „милионерите“.

– Сега можеби има чувство дека сме фаворити во финалето против Борусија. Но, успехот на Аталанта беше предупредување за сите, не само за нас – рече Анчелоти во интервјуто за „Ел Чирингито“.

Реал Мадрид до сега има најмногу титули во ЛШ, вкупно 14, додека Борусија Дортмунд ќе го игра своето трето финале во најквалитетното европско клупско натпреварување, во 1997 славеше над Јувентус (3:1), а во 2013 година загуби од Баерн Минхен (2:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс и Шкендија ги дознаа противниците во Конференциската лига

Македонските претставници ги дознаа своите противници за стартот на квалификациите во Конф…