Тибо Куртоа ова лето ќе стане нов голман на Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа вест денеска ја донесе британскиот „Daily Mail“ кој тврди дека Белгијанецот ги договорил условите со Реал и дека се чека само официјална потврда.
„Реал Мадрид е многу блиску до доведување на нов голман откако што постигнаа договор со Тибо Куртоа. Мадриѓаните бараат замена за репрезентативецот на Костарика, Кејлор Навас, а исто така го следеа и голманот на Тотенхем, Хуго Лорис“, пишува споменатиот извор.
Куртоа така веројатно на крајот ќе заврши во Реал. Направен е голем чекор кон неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, оној кој долго се чекаше. Челзи за неговата продажба би требало да заработи околу 30 милиони фунти, што е добра сума, бидејќи договорот на Куртоа истекува следното лето.
Додека го чека завршувањето на договорот со Реал, Куртоа ужива со другата љубот, одбојката и максимално е опуштен на подготвките за почетокот на новата сезона.