Бившиот фудбалер на Челзи и Манчестер Јунајтед Реј Вилкинс почина денес на 61-годишна возраст.
Вилкинс беше во болница откако доби срцев удар, а докторите одлучија да го постават во вештачка кома, но денес тој за загуби битката.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Викинс беше дел од Манчестер Јунајтед во 1982 година и го освои ФА Купот, а има 160 натпревари за „црвените ѓаволи“. Потоа играше за Челзи, а за англиската репрезентација запиша 84 настапи и играше на две Светски првенства.
Викинс направи и интернационална кариера и настапуваше уште за Милан, ПСЖ и Глазгов Ренџерс.
Вилкинс започна и тренерска кариера, а во 2010 година беше дел од шампионскиот тим на Челзи како помошник на Карло Анчелоти.
Former England captain Ray Wilkins has died aged 61. pic.twitter.com/VLOwTJqyYK
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 4, 2018