Дома Останати Кошарка Американски кошаркар почина во Охрид на тренинг!

Американски кошаркар почина во Охрид на тренинг!

Првиот тренинг кој требаше да го одработи за екипата на АБ Охрид, беше фатален за 26-годишниот Американец Камерун Мур. Играчот, кој требаше да биде засилување за Охриѓани во Првата лига, почина на првиот тренинг.

Камерун Мур, Американец, кој требаше да биде засилување за АБ Охрид, колабирал, во вторникот на вечерниот тренинг. Во салата „Атина Бојаџи“ веднаш била повиката итната медицинска помош, но лекарите кога пристигнале можеле само да ја констатираат смртта.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Случајот е пријавен во охридската полиција, а телото на починатот Мур е предадено на обдукција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ-шоу во Кина – доби коњска глава, а дали ѝ одолеа на кока-колата? (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Никола Јокиќ, ги воодушеви Кинезите со неговото до…