Дома Фудбал Останато Алвес: Можеби не е само Бартомеу виновен, Барса го изгуби идентитетот

Алвес: Можеби не е само Бартомеу виновен, Барса го изгуби идентитетот

Бразилскиот дефанзивец Дани Алвес во разговор за каталонскиот „Еспортс РАЦ1“ зборуваше за неговиот поранешен клуб Барселона од каде што си замина во 2016 година.

Алвес денес е член на бразилскиот Сао Паоло, а после Барселона играше уште и за Јувентус и ПСЖ. Од неговото заминување ситуацијата во Барселона е променета, лошото работење на клубот кулминираше минатата сезона во која клубот не освои ниту еден трофеј. Освен тоа Меси сакаше да си замине, како резултат на сето тоа неодамна претседателот Бартомеу си поднесе оставка.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бразилецот смета дека можеби Бартомеу не е единствениот винвоник.

„Јас не сум некој кој ќе фрла камења по било кого. Можеби претседателот беше само лошо советуван од соработниците. Не сакам да кажам дека се е вина на Бартомеу. Барселона ја менува својата филозофија и поради тоа нормално е да имаат проблеми. За мене малку го изгубија идентитетот и сега мораат да поминат тежок процес за враќање на истиот“, изјави Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…