Дома Трансфер зона Активно во Ливерпул: И Евертон договори засилување

Активно во Ливерпул: И Евертон договори засилување

После „црвените“, во акција е и тимот на Евертон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Карамелите“ потврдија дека се е договорено со Џејмс Тарковски и споменатиот фудбалер до крајот на месецот треба да го засили тимот од Гудисон.

Лекарските прегледи се закажани за следната недела кога ќе биде официјализиран и трансферот, а Тарковски би дошол како слободен играч бидејќи овој месец му истекува договорот со Барнли.

Тој игра на позицијата стопер, има 29 години и има големо искуство со играње во Премиер лигата. Во својата кариера собра и два настапи за репрезентацијата на Англија.

Клубот најави дека тука не е крајот на засилувањата и сакаат максимално да го засилат тимот за да не се повтори минатата сезона кога Евертон до последните кола се бореше за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…