Дома Фудбал Англија Ако му веруваме на Раиола: Погба останува, а Мурињо си оди!

Ако му веруваме на Раиола: Погба останува, а Мурињо си оди!

Oсвен изјавата која крена „бура“ во Италија за потенцијалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милан, Мино Раиола за „Раи Спорт“ зборуваше и за Пол Погба.

Многу се зборува во последно време за клиентите на Раиола, посебно за Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот игра лошо во дресот на Јунајтед и не е во добри односи со Мурињо, па во англиските медиуми постојано се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“.

Сепак, според зборовите на Раиола, Погба нема да замине.

„За оваа ситуација најдобро е да не зборуваме. Ситуацијата не е едноставно и Манчестер Јунајтед секогаш имаше и се уште има јасен став – Пол не е на продажба“, краток беше Раиола.

Значи, ако му веруваме на Раиола, Јунајтед нема да се откаже од Погба, а тоа дополнитело ги подгрева гласините дека Жозе Мурињо ги минува последните денови на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…